Оливие Њокас за 24Ракомет ТВ: Ја исполнивме нашата цел, сега сакаме повеќе!

Вардар со победа над Елверум во последното коло го потврди петтото место во групата А од Лигата на шампионите. Следува елиминациски двомеч со Веспрем за четвртфинале и вистински испит за амбициите и квалитетот на овој тим. „Минатата година играв во Нант и се пласиравме на Ф4 турнирот од лигата на шампиони кога никој не го очекуваше тоа од нас! Го елиминиравме Веспрем кој важеше за голем фаворит.“- истакна Оливие Њокас кој на дуелот со Елверум постигна 6 погодоци. Повеќе погледнете во изјавата дадена за 24Ракомет ТВ.