ОД НАВИВАЧКИ АГОЛ: 5-тиот Елемент

Во Египет започна и приказната за македонскиот ракомет на големата сцена, Но во Египет таа нема да заврши, македонците ќе продолжат и понатаму да бидат дел од ракометната светска сцена, па догодина веќе ќе играме на новото европско. Ќе продолжат да не носат од дилириум на радост до очај.Но впрочем затоа и ги сакаме со сето свое срце !

Едно сега веќе легендарно дело на луцидниот Лук Бесон, 5 тиот елемент, зборува за борбата меѓу доброто и лошото. Зборува за човековата немоќ да застане на патот на ултимативното зло, но и за човековите моќи од кои црпи неизмерна енергија и кои можат на крајот да го однесат на патот на победата. Љубовта беше клучниот, 5-тиот елемент!

Дејствието на филмот започнува и завршува во Египет !

Во Египет започна и величествената репрезентативна кариера на најголемиот ракометар, можеби и спортист, кој го дала мајка Македонија! Во Египет ќе стави капитенот точка, извичник, на блескавата фантастичната улога во и за македонскиот, светскиот ракомет. Кире ти благодарам за сè! За љубовта кон ракометот и љубовта кон Македонија.

Во Египет започна и приказната за македонскиот ракомет на големата сцена, Но во Египет таа нема да заврши, Mакедонците ќе продолжат и понатаму да бидат дел од ракометната светска сцена, па догодина веќе ќе играме на новото Eвропско. Ќе продолжат да не носат од дилириум на радост до очај. Но впрочем затоа и ги сакаме со сето свое срце !

Утрото не наговестуваше ништо добро, сите со своите грижи, потиштени од шведскиот пораз, не ни помисливме дека ќе се собереме. Така и беше, тивко мирно подготвени за новиот пораз, останавме дома… и дресовите повторно не ни беа по мерка. Еден мал мој компањон прокоментира, името ни го земаа, знамето ни го земаа сега и боите ли?

Не знам. А не знам и уште неколку прашања, ракометни, се надевам после првенството ќе ги дознаеме сите. Зошто фаул не правиме? Зошто 10 дена се спремаме а сме неспремни? Зошто прв тајм-аут викаме кога утакмицата е изгубена? Зошто немаме акција за шут? Зошто не правиме фаул? Зошто? Зошто сите имаат изговори, а никој не дава одговор? Зошто Швајцарија ја тепа Австрија, Австрија нас, а ние Швајцарија? зошто секое првенство сме се послабо и послабо рангирани? Зошто не правиме фаул?

Но знам дека на оваа екипа која сложно ја пее македонската химна и недостасуваат многу елементи, многу повеќе од 5. Дали можеби ја изгубиле љубовта кон ракометот?
Утре е нов ден, а, сепак, на лицата има и малку насмевка, ни ја донесоа одбојкарите, и како прав мангуп кога изгубената љубов ја менува за нова барем ноќва ракометот ќе го заменам со одбојка!

Па нека пати и тој малку по мене, ко што јас по него.

Со срце, душа, љубов и страст… и сите останати елементи Секогаш за Македонија Виктор Христоски