Од еуфорични плус седум – до приземна нула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

13.04.2022 Македонија vs Чешка, квалификации за Светско првенство 2023 -прв дуел- Злин

Машката репрезентација на Македонија одигра реми со Чешка, 24-24 во првиот бараж меч за пласман на СП. Иако во вториот дел имавме предност и од седум гола, 10-17, сепак ни тоа не беше доволно за победа на овој натпревар, бидејќи Чесите во финишот се изборија за реми. Најдобри стрелци во македонската селекција беа Талески со пет гола, а Лазаров и Георгиевски дадоа по четири, додека Митревски собра 11 одбрани. Кај Чешка, Мрква имаше 18 интервенции, додека Клима и Хрстка стрелаа по пет пати. Реваншот меѓу Македонија и Чешка се игра на 17 април во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.