Одигра без грешка: Божидар Илиески е МВП на мечот со Косово (ВИДЕО)

Mашката младинска репрезентација на Македонија забележа убедлив триумф над Косово со 51-29 во второто коло од ЕХФ шампионатот во Варна во источниот сосед. Сите ракометари од нашиот состав покажаа добри партии, а за МВП на мечот беше прогласен средниот бек Божидар Илиески, кој имаше реализација 4 од 4, иако не помина многу долго време на теренот. Македонија ќе има два дена одмор, па ќе игра против Романија.