Ново признание за Митревски и за Стоилов – ЕХФ ги смести меѓу најдобрите во колото во ЛШ (ВИДЕО)

 

 

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов имаше една од најдобрите партии во дресот на „црвено-црните“ против Флензбург, а покрај атрактивните погодоци и потези беше и најефикасен со осум гола. Добрата игра на Стоилов беше наградена со тоа што еден од неговите голови се најде во Топ 5 погодоци во колото, а покрај тоа се најде и во најдобрите 7 играчи на колото. Тој е во ол-стар тимот што е само дополнителна награда за одличното издание. Најдобрите седум ги предводи голманот Никола Митревски кој исто така имаше спектакуларна партија со Порто. Покрај тоа што собра многу одбрани имаше и една одлична интервенција која е прогласена за одбрана на колото. Комплетната постава можете да ја видите во видеото.