Нова ера, стари навики – ракометарите во лов на ново ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Прв собир на македонска репрезентација за квалификации за ЕП2024

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска со првиот собир ги стартуваше подготовките за настапот во квалификациите за ЕП 2024. Селекторот Кире Лазаров повика 21 ракометар, од кои ќе одбере 16 за двобојот со Луксембург на домашен терен в среда од 19:00 часот. Вториот натпревар од квалификациите, Македонија го игра на гости кај Турција в недела од 16:00 часот.