Никола Митревски во ТОП 3 голмани на сезоната во СЕХА (ВИДЕО)

Голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски втор најдобар голман во регионалната СЕХА лига по бројот на одбрани на 12 меча што ги одигра неговиот тим. Само голманот на Мешков Брест, Иван Мацкевич, собра повеќе одбрани - вкупно 114, а Митревски имаше 106, но мора да се знае дека белорускиот голман бранеше на плус два меча. Еурофарм Пелистер беше елиминиран во осминафиналето на регионалната СЕХА лига од Нексе Нашице.