Не можеше поинаку: Победничкиот гол на Лазаров е најдобар на вториот ден на ЕП! (ВИДЕО)

Македонија стартуваше победнички на Европското првенство во Австрија, откако славеше над Украина со 26-25, во натпревар кој можеше да го реши многу порано. Имавме предност од 25-23, Украинците израмнија на 25-25, само уште неколку секунди до последниот свиреж. Одговорноста ја презема капитенот Кире Лазаров и погоди за голема победа. Неговиот погодок, ЕХФ го избра за најдобар на вториот ден од ЕП.