Несудениот голман на Вардар прими гол од половина терен! (ВИДЕО)

Египет стартуваше со триумф над Португалија со 37-31 во првото коло од Олимписките игри, а еден од најзаслужниите за тоа беше голманот на „фараоните“ Мохамед Ел Тајар. Кога несудениот вардарец влезе на местото на Карим Хендави, собра девет интервенции за кратко време со одличен процент 47%, и беше иницијатор на клучната серија на Египет за триумфот. Сепак во последните секунди од мечот, Ел Тајар прими гол скоро од половина терен по ударот на Мартинс. Погледнете....