НЕСЕКОЈДНЕВЕН ГОЛ: Мислеше дека одбрани, ама топката се стркала во мрежата (ВИДЕО)

Ракометарите на Словенија не успеаја да обезбедат пласман во Токио откако на олимпискиот квалификациски турнир беа поразени во клучните натпревари од Германија и Шведска. И покрај тоа словенечката репрезентација го има најневообичаениот погодок на натправарите кои се играа викендов. При еден контра напад Бомбач го проигра Јанц кој со крајни напори ја фати топката и упати слаб удар на празниот гол, Паличка во меѓувреме успеа да стигне но ја нагази топката и таа влезе во голот. Погледнете...