Недановски за 24 Ракомет ТВ: Играчите ми веруваат, сега сме фаворити за титулата

Тренерот кој го предводеше Вардар на гостувањето кај Еурофарм Пелистер, Владо Недановски има причина да биде задоволен бидејќи дебитираше на клупата како прв стратег со голем бод од дуелот против битолчани. После нерешените 27:27, Вардар обезбеди предност во меѓусебните дуели со Еурофарм Пелистер, па оттаму има причини за задоволство. Недановски, потенцираше дека ова не е само негов голем бод рамен на победа, туку голема заслуга оди и на Веселин Вујовиќ, кој викендот се раздели со клубот. Воедно изјави дека сега Вардар одново е главен фаворит за титулата.