Невидена глупост – имаа се во свои раце, а еве како Норвежаните прокоцкаа полуфинале (ВИДЕО)

Селекцијата на Норвешка испушти златна шанса да се пласира во полуфиналето на СП, откако беше елиминирана по продолженија и загуби од Шпанија со 35-34. Сепак во регуларниот дел, Норвешка имаше плус еден, 25-24, имаше и напад на петнаесетина секунди до крајот, но не напаѓаа, па судиите им ја одземаа поради пасивност и Дани Душебаев со голот во последните секунди го однесе мечот во продолженија. Норвежаните уште долго ќе жалат за оваа прилика. Погледнете....