Небојша Симиќ ја има најдобрата одбрана во историјата на Бундес лигата (ВИДЕО)

Црногорскиот голман, Небојша Симиќ веќе неколку сезони покажува одлични партии во Бундес лигата. Искусниот голман од 2017 година настапува за Мелсунген и во минатото коло од најквалитетната лига на светот, Симиќ со 11 одбрани беше клучен фактор за победата на Мелсунген од 25:23 против Хановер. Во натпреварот против Хановер, голманот од Црна Гора во второто полувреме продолжи со своите одлични интервенции, а една од нив ја забележа на необичен начин. Одбраната на Симиќ беше прогласена за најдобра во историјата на Бундес лигата.