На радоста и немаше крај, ракометарките на Металург се главни „фраерки“ во Автокоманда (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Куп на Македониај 2022 – жени

Ракометарките на Металург славеа против Ѓорче Петров со 30-27 во финалето на Купот и го освоија трофејот. По пауза од девет сезони, тимот од Автокоманда повторно славеше. Избраничките на Крсто Петрушевски и Јулијана Дамчевска водеше во текот на целиот меч и заслужено на крајот го подигна трофејот. Сите индивидуални признанија отидоа во Металург. Ива Младеновска беше најдобар стрелец и МВП, додека најдобар голман беше Амра Илјаз.