НА ДЕНЕШЕН ДЕН: ПИК Сегед изгоре во скопскиот вулкан, емоциите ги надвладеаја вардарци (ВИДЕО)

Пред точно една година Вардар успеа на домашен терен убедливо да го совлада тимот на ПИК Сегед со 31:23, во рамките на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Шампионите. Ова беше емоционален натпревар за вардарци и за навивачите, дуел кој требаше да биде простување, со оглед дека сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко најави повлекување непосредно пред одигрување на овој двомеч. Во една неверојатна атмосфера, Вардар им подари голема победа на своите навивачи, а последните десет минути од натпреварот беа кобни за тимот на Хуан Карлос Пастор, кој речиси се изгуби пред налетите на вардарци и феноменалната публика.