НАЈ НАЈ НАЈ ОДБРАНА: Митревски се жртвува за тимот – одбрани со глава и заврши во нокдаун (ВИДЕО)

Финалето на Супер купот на Португалија донесе интересен ракомет и победа за Никола Митревски и Порто од 34-29. Со тоа дојде првата круна на стартот од сезоната. Сепак, имаше и момент во кој се виде колку Митревски е важен за екипата на Порто и во каква форма се наоѓа. При водство од 29:23 на нешто повеќе од 11 минути до крајот на средбата тој одбрани удар со глава и заврши на подот. За колку силен удар се работеше можете да видите во видеото...