Најдоброто од Вардар против Флензбург во 200 секунди (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар синоќа го надиграа составот на Флензбург во 4. коло од Лигата на шампионите, а тоа допринесе за кревање на добрата атмосфера меѓу ракометарите пред средбата со Порто. Одличните потези, убави погодоци, одбрани... допринесоа за победата од 31:26 и ова е натпревар кој покажа дека Вардар и сезонава ќе има што да покаже во Лигата на шампионите. Натпреварот имаше многу убави моменти, па оттаму истите заслужуваат уште многупати да се видат. Оние што не го следеа натпреварот можат да го видат најдоброто во видеото од 200 секунди.