Најдобри кога најмногу треба: Магичен финиш на македонските херои (ФОТОГАЛЕРИЈА)

mak -romanija 17-03-2022

Машката репрезентација на Македонија ја совлада Романија со 30-22 во првиот натпревар од првиот бараж за место на Мундијалот следната година во Полска и Шведска. Високиот триумф беше најавен уште по првиот дел, но Романија комплетно беше нокаутирана во второто полувреме и нашите момци ќе имаат солидна залиха пред реваншот во Букурешт. Најдобри стрелци во македонската репрезентација беа Талески со десет гола, Лазаров даде седум, а Кузмановски реализираше пет пати. Голманот Митревски имаше 10 одбрани. Реванш натпреварот се игра во Букурешт на 19 март од 17:00 часот.