Навивачите со порака до вардарци: Ќе бидеме тука и да играте и со ПСЖ, и да играте со Овче Поле! (ВИДЕО)

Ракометарите на европскиот шампион Вардар загубија кај бундеслигашот Кил со убедливи 34-23 и останаа на шестото место на табелата во групата Б од Лигата на шампионите. Вардарци имаа поддршка и на гостувањето во Германија од малубројните навивачи, кои им порачаа дека не се сами во овие тешки моменти за клубот. „Ние сме биле тука и во Расадник, и во Кале и во Јане. Ние ќе бидеме тука и да играте и со ПСЖ, и да играте со Овче Поле. Нас не ни е битно секогаш да победите, се додека знаеме дека срцете сте го оставиле на терен! А ние...ние секогаш ќе бидеме тука, твоја верна сенка !