Мрваљевиќ за 24 Ракомет ТВ: Македонија има млад, но искусен тим, ќе нѝ биде многу тешко

Во отсуство на селекторот Зоран Рогановиќ, кој денеска ќе биде на клупата откако доби негативен тест на Ковид 19, Драшко Мрваљевиќ беше тој што го подготвуваше составот на Црна Гора за натпреварот против Македонија. Тој размислува позитивно пред денешниот дуел, но е внимателен бидејќи за Македонија има само пофални зборови како тим. Покрај тоа што смета дека Македонија има млади играчи, кои имаат и искуство, тој има пофални зборови околу целосната организација на националниот состав. Воедно очекува денеска да биде многу тешко. Комплетната изјава на Мрваљевиќ дадена за 24 Ракомет ТВ погледнете ја во видеото.