Многу емоции во Порто, Митревски прави чуда на голот (ВИДЕО)

Ракометарите на Порто првпат се на терен откако останаа без Алфредо Кинтана. Многу емоции имаше пред стартот на мечот, играчите не можеа да ги задржат солзите, но на терен играа за нивниот соиграч. Водат на полувреме со 16-11 против норвешкиот Елверум, а еден од најзаслужните за тоа е нашиот репрезентативец Никола Митревски, кој има пет интервенции по првиот дел, а една од најатрактивните е оваа по контранападот на гостите. Погледнете...