Младите битолчани покажаа храброст, мотив, карактер – а дома ќе бркаат „четворка“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Алпла – Еурофарм Пелистер 2

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 има достижна негатива по првиот натпревар со австрискиот вицепрвак Алпла Хард во Лигата на Европа. Избраниците на Александар Јовиќ загубија со 21-24 од многу поискусниот ривал и можат да бидат задоволни од ваквиот исход пред реваншот во Битола на 4 септември во салата „Боро Чурлевски“. Најдобри стрелци со по пет гола беа Павле Петровиќ и Филип Арсеновски, а по три дадоа Талевски и Димитровски.