Митревски без промашување, втор натпревар, вторпат со топ 5 одбрана (ВИДЕО)

Првиот избор за голот на репрезентацијата на Македонија, Никола Митревски уште еднаш беше на ниво и покажа дека е во одлична форма, а од дуелот против Данска уште една негова интервенција се најде во изборот за Топ 5 одбрани од 5. ден на Европското првенство. Тој успеа атрактивно да запре еден удар на најефикасниот вчера, Киркелоке и се најде во друштво со Симиќ (Црна Гора), Шуњиќ (Хрватска), Мрква (Чешка) и Пардин (Франција).