Миладиновски со 14 гола го водеше Куманово до победа против Јехона

Ракометарите на Куманово беа убедливи против Јехона со 40:32 во рамките од 13. коло од плеј-оф групата во Првата лига. Гостинската екипа од Гостивар издржа едно полувреме, додека Куманово го покажа својот квалитет во вториот дел.

На почетокот домаќинот обезбеди водство од 7:3 и до 15. минута успешно ја чуваше стекнатата предност. Ракометарите на Јехона иако заостануваа со негатива од три до четири разлика, сепак, во 20. минута преку Илиевски израмнија на 11:11, а неколку секунди подоцна, Салиу беше стрелец за првото водство на гостите од 12:11. Кумановци издржаа во последните десетина минути и на полувреме заминаа со предност од три разлика, 20:17.

Во второто полувреме, Куманово повторно се врати на водството од четири гола разлика и по неколку минути игра имаше 23:19.

Грешките на гостите од Гостивар продолжија, а на спротивната страна продолжи да расте предноста. Веќе во 40. минута водството на Куманово беше 27:19, а до самиот крај немаше поголеми промени на резултатот.

Незадржлив на теренот беше ракометарот на Куманово, Андреј Миладиновски со 14 гола. Во составот на Јехона, Стефан Бошковски беше најефикасен со девет погодоци.