Металург со бодови од уште едно гостување, овој пат освои цел плен

После освоениот бод минатата недела против тимот на Куманово денеска ракометарките на Металург дојдоа до нови три поени и тоа на гостувањето кај Деспина со 29:21 со што дојдоа до важна победа во плеј-оф групата од плеј-офот во Супер женската лига

Металург реши сè уште во првиот дел од средбата. Добрата игра од почетокот на овој дуел најави освојување на целиот плен во Прилеп, а тоа се виде за 30 минути игра после кои беше лесно да се продолжи.

На полувреме тимот од Автокоманда имаше 17:7 и овие плус десет беа доволни да може да се продолжи мирно во второто полувреме.

После убавата предност можеше да се одигра мирно и смирено така што ракометарките на Металург успеаја да се изборат за трите бода со висока победа од 29:21 и сега веќе имаат четири после првите две плеј-оф кола, но и двете средби Металург ги одигра на гостински терен.

ДЕСПИНА – МЕТАЛУРГ 21:29 (7:17)

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Викторија Прентоска и Наташа Глигороска од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ДЕСПИНА: Ристевска, Гулеска 2, Ел. Рипилоска 10, Ев. Рипилоска, Камческа 2, Николовск, Цветкоска 2, Спиркоска, Димитрова 2, Петреска, Котевска, Чурлиноска, Цаневска 3, Миноска, Христоска

Седмерци: 7/8, Исклучувања: 4 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Тодоров, Гугуљанова 7, Петреска, Трајковиќ 1, Ивановска, Коловска 3, Христоска, Арсениевска 5, Младеновска 8, Т. Темелковска 2, М. Темелковска, Божиновска 2, Нестороска 1

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 16 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124