Маџовски за 24 Ракомет ТВ: Се паметат бодовите, лошиот период ќе го заборавиме (ВИДЕО)

Ракометарот на Еурофарм Работник, кој игра на позицијата лево крило, Бојан Маџовски постигна два гола на средбата против Кокс на која битолчани славеа со 31:30.

Еден од погодоците беше доста атрактивен откако доби асистенција од Митревски и со целепин ја смести топката во голот на Кокс. Имаше и други добри потези, а после средбата го даде своето видуање за направеното.

„Секој натпревар беше неизвесен до самиот крај, а денеска можеби и среќата беше на наша страна. Повторно имавме лош период во второто полувреме, но сето тоа ќе го заборавиме со оглед на тоа што бодовите се пишуваат кај нас“, рече Маџовски пред камерата на 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.