Маџовски за 24Ракомет ТВ: Му кажав на Остроушко да не напаѓа кај мене, сигурно ќе биде пробивање!

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја очекува првиот натпревар на Европското првенство во Австрија, а ривал ќе ни биде селекцијата на Украина. Левото крило на Еурофарм Пелистер, Бојан Маџовски полека си го наоѓа своето место во националниот тим и очекува добар дебитантски настап. Тој за 24Ракомет открива што му рекол на Владислав Остроушко, клупскиот соиграч од Еурофарм Пелистер пред да се заминат на подготовките со националниот тимови. Покрај Остроушко, за Украина ќе настапи и Олександар Шевелев, уште еден играч од битолскиот тим.