Маџовска упати топка со „очи“, Саздовска ја измами норвешката одбрана (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија, моментално, го игра вториот контролен натпревар против вториот состав на Норвешка, односно против Б селекцијата на скандинавската селекција. Избраничките на Љубомир Савевски добро им парираа на гостинките во првите 30 минути, а во првиот дел нашата репрезентација ја имаше најдобрата акција, откако Симона Маџовска упати топка со „очи“ кон Јована Саздовска, која ја измами норвешката одбрана и имаше успешна реализација.