Мајстор за седмерци – Седна на подот, но го одбрани пеналот (ВИДЕО)

Натпреварите на Супер Глоуб во Саудиска Арабија носат многу возбудувања, а на еден од нив остана забележан интересен момент.  На средбата меѓу Ал Веда и Сан Франциско кој заврши со 29:20 во редовите на победникот беше забележан и моментот на турнирот. Голманот на Ал Веда, Навал Ал Мутаири имаше неверојатна интервенција која е една од најдобрите досега. Тој запре удар од седум метри откако прво се најде на подлогата, а потоа успеа со рацете да ја упати топката нат пречката. Погледнете!