Мајсторија за паметење: И цепелин, и свртен со грб, а погоди во голот (ВИДЕО)

Ракометарот на Елверум, Тобијас Грондал  го има потегот на месецот , а се случи на средбата против Алборг на кој гостите од Данска дојдоа до победа 34:28. Грондал успеа да добие одлична топка, а покрај тоа што шутот беше цепелин, тој упати удар свртен со грб кон голот. Ваков потег е реткост, но е вистинска магија и за одбележување. Ова го можат само мајсторите на ракометната игра.