Мат во два потега – убава асистенција на Арињо, уште поубава реализација во лет на Гомез (ВИДЕО)

Ракометарите на Барселона остварија важен триумф на гостувањето кај Веспрем со 37:34. Каталонскиот тим одигра уште еден одличен натпревар иако настапи без неколку важни играчи, сепак сите што беа во составот дадоа свој придонес во победата. Уште во почетните минути брзите играчи на Барселона одиграа прекрасна акција која заврши со погодок. Арињо украде една топка и тргна во контра, Гомез внимателно го следеше по што следуваше феноменален пас, а Алеикс Гомез не пропушти да погоди во лет. Како изгледаше тоа погледнете во видеото....