Марко Срдановиќ за 24Ракомет ТВ: Го одбрав Вардар бидејќи има победнички менталитет

Сезонава Вардар ќе има ново дуо на лево крило, а покрај младиот Марио Стојановски кој доаѓа од младинскиот погон на клубот како засилување е и српскиот интернационалец Марко Срдановиќ. Тој доаѓа од тимот на Металопластика, а играњето во Вардар му е прво сериозно интернационално искуство. Во интервју за 24Ракомет ТВ открива кој го поддржал да дојде во Вардар, кој му е идолот од „црвено-црните“ и зошто го одбрал борјот 27 на неговиот дрес. Какви се амбициите на клубот сезонава и што очекува од својот настап во Скопје. Погледнете го целото интервју на видеото во продолжение...