Маргуч за 24Ракомет ТВ: Сите сме виновни…(ВИДЕО)

Десното крило на Веспрем, Гашпер Маргуч, по поразот од Келце во полуфиналето од ЛШ во Келн, не го криеше своето разочарување. Словенечкиот репрезентативец со своите соиграчи иако имаа одлично прво полувреме, кое го добија со два гола разлика, 18:16, сепак, на крај беа поразени со 35:37. За лошата игра во второто полувреме, Маргуч истакна дека виновен е целиот тим. На Веспрем му останува борбата за 3 место на Ф4 турнирот во Келн, а противник за бронзениот медал ќе биде поразениот тим од вториот полуфинален натпревар меѓу Барселона и Кил. Целосната изјава на Маргуч може да ја погледнете на видеото во продолжение.