Мараш има ТОП во раката – проектил од ЕДИНАЕСЕТ метри во мрежата на Татабања (ВИДЕО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа одлично против Татабања и забележаа убедлива победа од 33:20. Целиот тим имаше квалитетно издание и домнираше против унгарскиот претставник. Матео Мараш беше најефикасен во тимот на Еурфарм Пелистер со шест гола, а еден од нив беше навистина прекрасен. После изведувањето на деветерец од десетина метри Мараш се крена на удар и упати вистсински проектил кон противничкиот гол кој беше неодбранилив. Голот може да го погледнете во видеото.