Мараш за 24Ракомет ТВ: Овој правец е вистинскиот, можеме вака и во Португалија (ВИДЕО)

Големата победа која беше обезбедена вчера во Битола ги зголеми апетитите во тимот на Еурофарм Пелистер и сега сите очекувања се да биде обезбеден одличен резултат и на следните натпревари на кои битолчани ќе сакаат нови бодови. Следуваат два дуели против Спортинг пред паузата, а веќе следниот вторник доаѓа гостување во Лисабон. Ракометарите сега се далеку помотивирани, а тоа во својата изјава за 24 Ракомет ТВ го потврди и десниот бек, Матео Мараш. Младиот ракометар од Хрватска вели дека после овој натпревар можат против секого на вакво ниво и очекува да биде така и против Спортинг. Смета дека ова е вистинскиот правец по кој треба да продолжат да се движат.