Мандиќ за 24Ракомет ТВ: Заслуживме барем бод, но сами сме виновни за поразот (ВИДЕО)

Левото крило на тимот на ППД Загреб, Давид Мандиќ го даде своето видување за натпреварот против Вардар на кој беа постигнати малку голови, а според него двата тима изиграле одлично одбрана. Смета дека самите се виновни за поразот бидејќи нападот потфрлил на овој дуел, а смета и дека заслужиле бод. Сепак, реален е за она што беше постигнато така што допрва може да се очекува до крајот од групната фаза бидејќи има уште две кола, а Загреб има тежок распоред. Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото.