Мандалиниќ: Битола се гледаме наскоро, тргнуваме во освојување титули (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска го објави трансферот на новото засилување во бековската линија. Репрезентативецот на Хрватска, Стипе Мандалиниќ доаѓа во Битола каде ќе биде големо засилување на тимот кој во следната сезона оди во трка за титулите на домашна сцена. „Добро вечер Битола, добро вечер за сите фанови на Еурофарм Пелистер. Здраво Чкембари. Официјално сè е готово и јас сум нов играч на Еурофарм Пелистер. Се гледаме наскоро и тргнуваме во освојување на титулите“, изјави Мандалиниќ. Тој потпиша договор на две години и ова е едно првото доста звучно име кое пристигнало во тимот од Битола.