Манасков го има најубавиот гол во 1. коло од ЛШ, Карачиќ со два гола во Топ 5 (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија, Дејан Манасков го доби местото број 1 на листата на петте најубави погодоци во 1. коло од Лигата на шампионите. Манасков имаше одлична игра против Нант и постигна атрактивен погодок, кој беше избран да се најде на врвот на листата. Во Топ 5 се најде и Игор Карачиќ, кој со две акции влезе во изборот и ги има позициите 4 и 5. Меѓу најубавите пет гола се и Ајденас Маласинскас (3. место - Мотор) и Давид Мандиќ (2. место - Загреб).