Македонскиот „пантер“ со Топ 10 мундијалска интервенција (ВИДЕО)

Голманот на репрезентацијата на Македонија, Мартин Томовски има одлично деби на големите натпреварувања во сениорска конкуренција и тој одлично го надополнува Митревски на шампионатот во Египет. Веќе собра двоцифрен број на интервенции на шампионатот, а една од одбраните во првиот круг се најде и во изборот за најдобра. Томовски ја има петтата најдобра одбрана во првата фаза на првенството, а се работи за одбрана од седум метри од дуелот против Чиле, Во кое друштво е Томовски, односно кои се другите девет голмани во Топ 10 можете да погледнете во видеото.