Македонската фаланга го освои и Дебрецин (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фалангата го освои Дебрецин

Навивачите кои вчера пристигнаа од Македонија во Дебрецин за да дадат поддршка на репрезентативците покажаа како се бранат боите на својата земја и како достојно се презентира и навивањето. Како што тоа го прават веќе со години и секаде патуваат со македонските спортисти членовите на „македонската фаланга“ и овој во Дебрецин се достојни презентенти. И во Дебрецин имаат свое место и кафуле каде се собираат и се покажаа во одлично издание иако вчера момците загубија, како ли ќе беше доколку вчера Македонија забележеше победа и имаше многу причини за радување.