Македонија се проба со посилен ривал, полека ќе се склопуваат коцките од мозаикот „ЕП 2022“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Црна Гора жени 07-10-2021

Женската сениорска репрезентација на Македонија прикажа добра игра на првиот дуел од ЕХФ Еуро купот против Црна Гора и беше рамноправен ривал во добар дел од средбата, но на крајот заврши со пораз од 21:29. Селекторот Савевски им укажа шанси на дел од кадетските и младински репрезентативки, кои летово беа меѓу најдобрите на ЕХФ шампионатите. Вториот натпревар меѓу овие две селекции ќе се одигра во Никшиќ на 10 октомври со почеток во 20:30 часот.