Македонија покажа карактер, Кувајт нѝ ги покажа слабите страни (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Кувајт (пријателска)

Репрезентацијата на Македонија успеа да дојде до уште една победа на контролните средби против Кувајт победувајќи со 22:21 откако во последните моменти беше постигнат гол за триумф откако претходно Томовски успеа да одбрани зицер. Ова беше втора средба на која Македонија прима само 21 погодок што е добар показател за играта во одбрана што може да радува во моментов бидејќи селекцијата не е комплетна и недостигаат неколку ракометари кои подоцна се приклучија на тренинзите.