Македонија vs Данска од поинаква перспектива (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија Данска од поинаков агол

Резервистите на актуелниот светски првак Данска немаа посериозна задача против Македонија во последното коло од група А на Европското првенство 2022. Со десeт гола разлика, 21-31, само покажаа дека се далеку пред нас, а оние ракометари кои најчесто се на клупа се докажаа пред својот селектор, што не беше случај на спротивната страна. Натпреварот немаше никакво резултатско значење бидејќи Данска веќе по второто коло обезбеди пласман во втората фаза, а Македонија по второто коло започна да ги пакува куферите за Скопје.