Магија на Ристовска – во полн трк од тежок агол ја смести топката во црногорската мрежа (ВИДЕО)

Женската репрезентација на Македонија игра против Црна Гора во ЕХФ Евро Купот. Еден од погодоците во првото полувреме што треба да бидат одбележани е оној на Сара Ристовска. По една грешка на гостинките, голманката Мицевска упати топка кон Ристовска, а таа иако беше во полн трк и биеше од тежок агол, сепак погоди во црногороската мрежа.