Магија на новата хрватска ѕвезда (ВИДЕО)

Десниот бек на Хановер, Иван Мартиновиќ е новата хрватска ѕвезда. Тој имаше фантастично издание и постигна десет гола на првиот пријателски натпревар против Русија, од кои осум во првото полувреме. Два од головите беа атрактивни и вистинска мајсторија на Хрватот. Мартиновиќ покажа дека Хрватска има огромен квалитет и во каков состав да одат на првенството ќе бидат сериозен кандидат за виок пласман. Атрактивните погодоци може да го погледнете во видеото.