Магдебург беше (не)возможна мисија, мислите веќе кон Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер – Магдебург

Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа пораз од 24:32 откако на првиот натпревар од осминафиналето одигран во Битола не успеаја да се снајдат на теренот против Магдебург. Битолчани одработија солиден натпревар, но рано беа во негатива од која не можеа да се вратат до подобар резултат. Магдебург со оваа победа реши многу и е пред пласман во следната рунда, но за играчите на Еурофарм Пелистер ова е големо искуство. Мандалиниќ со шест и Граџан со пет гола беа најефикасните на овој дуел во редовите на тимот од Битола. Нема време за размислување бидејќи веќе в сабота следува дерби бидејќи Еурофарм Пелистер гостува во Скопје кај Вардар.