Луда завршница – Коралес е шпански херој, одбрани два удари на Полска во последните секунди (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија е вториот полуфиналист на Европското првенство откако во последниот дуел од групната фаза ја совлада Полска со 28:27. Шпанците мораа до крај да се борат за победа на овој натпревар, а во завршницата мораше да ги спасува голманот Коралес. Шпанија имаше водство 28:26, Морито погоди од крило и намали на минус еден. Шпанците погрешија во следниот напад и Полска имаше шанса да ибегне пораз, но Родриго Коралес со две фантастични интервенции го сочува својот гол и ја однесе својата селекција во полуфиналето. Клучните одбрани погледнете ги во следното видео...