„Лавиците“ од Ѓорче порачаа – „Одиме по нови победи“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЖРК Ѓорче Петров – Румз 1

Македонскиот женски ракометен шампион Ѓорче Петров потсети на своите славни денови, откако убедливо, заслужено и со висока разлика триумфираше против Австриски Румс Јагс, 45-26. Со втората победа на третиот европски меч сезонава „лавиците“ со една нога се во осминафиналето на Европскиот Куп и на пролет ќе продолжат да играат како единствен македонски женски тим. Симе Симовски има причина за задоволство, а сега и нова цел пред себе, да отиде што подалеку во Европскиот Куп. Според играта, тоа е повеќе од сигурно.