Кумановки тренираат заедно и во време на коронавирусот – ама онлајн! (ВИДЕО)

Ракометарките на Куманово кои се моментално водечки на табелата во Женската лига и покрај кризата со корона вирусот најдоа начин како да продолжат со тренинзи. Во очекување на продолжение на сезоната екипата на Куманово работи и се подготвува во обид да стигне до првата шампионска титула. Ракометарките тренираат во домашни услови, но онлајн поврзани во ист термин со што се обидуваат да ја амортизираат оваа криза. Како изгледа дел од тренингот можете да погледнете во следното видео.