Кудуз покажа зошто е во Вардар – девет од девет против моќниот Кил (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето кај Кил, но пружија силен отпор и покажаа дека имаат квалитет. На овој натпревар одлично издание имаше Анте Кудуз кој погодуваше без грешка и беше стрелец на девет погодоци од исто толку удари. Ниту Ландин, ниту Квенштед не усепаја да му одбранат удар на Хрватот во вардаровиот дрес. Некои од погодоците на Кудуз може да ги погледнете во видеото...